Овој формулар ви овозможува да ја искажите вашата желба за учество и да се регистрирате за активностите од Еразмус + проектот „Антициганизам во моето соседство“ чија крајна цел е да го зајакнете и развиете своето знаење за борба против дискриминацијата, говорот на омраза, расизмот и стереотипите во дигиталните медиуми поврзани со антициганизмот. Активностите во проектот вклучуваат учество на три настани, подготвителен состанок и активности за дисеминација. По завршувањето на проектот, учесниците ќе се стекнат со YouthPass сертификат, а бројот на учесници е ограничен.