Во периодот од 15.11.до 18.11 2021 година во рамките на пректот: Зајакнување на капацитетите на наставничката професија за мултиетничко образование со невладината организација ЛОЈА од Тетово беше реализирана студиска посета на академскиот кадар од педагошките факултети во Р.С. Македонија на Сараево, Р. Босна и Херцеговина. Во рамките на посетата беа реализирани целодневни активности како посети на музеи, Униварзитетот во Сараево. Исто така беа организирани работилници со различни невладини организации кои работат во сверата на градење на мултиетничко образование, едукација, градење на доверба, мир, надминување на конфликти, развој на активно граѓанство. Посетата овозможи да се стекнат бројни, значајни искуства кои ќе помогнат во практицирањето на работата со студентите на педагошките факултети кои треба да развијат компетенции за работа на полето на мулти и интеркултурализмот, демократијата и граѓанското општество. Од нашиот факултет учество зедоа Проф. Д-р. Добри Петровски и Проф.д-р. Татјана Атанасоска.