На иницијатива на амбасадорот на Република Северна Македонија  во Република Албанија, проф. д-р Данчо Марковски, деканот на Педагошкиот факултет, проф. д-р Добри Петровски и проф. д-р Виолета Јанушева остварија работна посета на Универзитетот во Корча, Република Албанија со деканката проф. д-р Јонела Спахо и продеканот за настава. На оваа  средба амбасадорот Марковски го актуализира прашањето  за изучување на македонскиот јазик на Универзитетот во Корча, по што се разви плодна и конструктивна дискусија на која двете страни ги изнесоа своите видувања. Особено радуваат заклучоците од средбата за подготвеност на двата Универзитети да ги вложат сите напори во заживување на оваа идеја.