Се известуваат студентите дека заверка на зимски семестар и запишување на летен семестар ќе се изведува од 22 до 26 февруари. Доколку плаќате преку iKnow системот внимавајте пресметката да е иста со онаа од студентски прашања. Пополнете ги анкетите за да може да запишете летен семестар на iKnow.

Потребни уплатници за упис на летниот семестар:
1. Школарина за летен семестар (секој студент плаќа според пресметката на кредити)
2. Реализација на активности на УСС 
3. Обрасци
4. Обрасци (50 денари плаќаат редовните студенти, а 25 денари вонредните студенти)

Студентите од сите насоки ќе може да добијат потпис на Пријавата за ЕКТС кредити од проф. Билјана Граматковски и проф. Јасминка Кочоска, секој ден од 9 до 10 часот во кабинетот.