На 05.03.2021, во просторите на Педагошкиот факултет - Битола, на покана на студентите, снимено беше интервју со писателот Радован П. Цветковски по повод чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.
Ова интервју е прво од серијата интервјуа во организација на студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола со познати јавни личности кои имале професионален или приватен контакт со академик Блаже Конески. Преку овие интервјуа, студентите сакаат поблиску да го запознаат делото и ликот на Блаже Конески, но и да придонесат кон нивно афирмирање во јавноста.
Објавено е РЕШЕНИЕ за прием на студенти на Педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) во академската 2020-2021 година.
Првиот академски час ќе се одржи на 2ри март (вторник) во 11 часот, со физичко присуство во просториите на Педагошки факултет - Битола со почитување на сите мерки за безбедност.
Се известуваат студентите дека заверка на зимски семестар и запишување на летен семестар ќе се изведува од 22 до 26 февруари. Доколку плаќате преку iKnow системот внимавајте пресметката да е иста со онаа од студентски прашања. Пополнете ги анкетите за да може да запишете летен семестар на iKnow.
Потребни уплатници за упис на летниот семестар:
1. Школарина за летен семестар (секој студент плаќа според пресметката на кредити)
2. Реализација на активности на УСС
3. Реализација на активности на ФСС-ПФБТ
4. Обрасци (50 денари плаќаат редовните студенти, а 25 денари вонредните студенти)
Студентите од сите насоки ќе може да добијат потпис на Пријавата за ЕКТС кредити од проф. Билјана Граматковски и проф. Јасминка Кочоска, секој ден од 9 до 10 часот во кабинетот.