Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

Се известуваат студентите дека заверка на зимски семестар и запишување на летен семестар ќе се изведува од 22 до 26 февруари. Доколку плаќате преку iKnow системот внимавајте пресметката да е иста со онаа од студентски прашања. Пополнете ги анкетите за да може да запишете летен семестар на iKnow.

Потребни уплатници за упис на летниот семестар:
1. Школарина за летен семестар (секој студент плаќа според пресметката на кредити)
2. Реализација на активности на УСС 
3. Реализација на активности на ФСС-ПФБТ
4. Обрасци (50 денари плаќаат редовните студенти, а 25 денари вонредните студенти)

Студентите од сите насоки ќе може да добијат потпис на Пријавата за ЕКТС кредити од проф. Билјана Граматковски и проф. Јасминка Кочоска, секој ден од 9 до 10 часот во кабинетот.

По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески и прогласувањето на 2021 за година на Конески, Педагошкиот факултет и Македонското научно друштво од Битола организираат Тркалезна маса со наслов „Делото на Конески – постојан извор на истражувања во науката за јазикот, литературата и културата“.
Од оправдани причини Тркалезната маса со наслов „ДЕЛОТО НА КОНЕСКИ – ПОСТОЈАН ИЗВОР НА ИСТРАЖУВАЊА ВО НАУКАТА ЗА ЈАЗИКОТ, ЛИТЕРАТУРАТА И КУЛТУРАТА“, која беше најавена да се одржи на 28.05.2021год., се преместува на 01.06.2021 година.
Исто така рокот за пријавување на апстрактите се продолжува до 15.03.2021 година. 

Почитувани студенти,
Здружението за дислексија АЈНШТАЈН во соработка со Педагошкиот факултет во Битола, со цел зголемување на знаењата на студентите во областа на дискалкулијата, ја има честа да ве покани на бесплатно учество на вебинарот насловен “Дискалкулија: од лабораторија до училница”.
Вебинарот ќе се одржи на 20-ти февруари (сабота) со почеток од 10 часот преку платформата ZOOM.
Повеќе информации овде.

Испитите кај проф. д-р Деан Илиев ќе се реализираат во четврток на 11.02.2021 година. Распоред на испитите тука.

Се информираат сите студенти од Педагошкиот факултет, без оглед во која студиска година се, или на која студиска група и припаѓаат дека од месец Февруари започнуваат активностите во рамките на Проектот организиран во соработка со ЛОЈА од Тетово. Сите заинтересирани студенти можат да се обратат на било кој начин до проф. Татјана Атанасоска и проф. Јасминка Кочоска. Ќе биде организирана заедничка средба на која ќе бидат појаснети динамиката, содржината и самите активности на овој проект. Проектот опфаќа повремени средби со професорките, како и присуство на повеќедневни интерактивни обуки организирани од страна на ЛОЈА на кои учество имаат студенти од сите Педагошки факултети, како и еднонеделен студиски престој надвор од Р. Македонија. Трошоците за сите активности се во целост покриени.

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar