Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

Објавен е Распоред за испити за ВТОР циклус на студии

Почитувани колеги, студенти и професори,
Ве покануваме на едно од предавањата на Анита Вуцо, д-р на науки во областа на компаративна филологија на Централно источните европски земји и реномиран и потврден преведувач.
Предавањата ќе се одржат во три дена во три различни градови/локации:
на УКИМ на 21 мај, 2018 со почеток во 12 ч.
на ПФБТ на 22 мај, 2018 со почеток во 11 ч.
во Н.У. Библиотека „Григор Прличев“ - Охрид, со почеток во 12 ч.
Предавањата се отворени а ќе се одвиваат на хрватски и на италијански a дискусијата со толкување мак-анг-мак.

Повеќе за гостинката може да се прочита во нејзината биографија.

Контакт лице за организацијата на настанот Виш лектор Стела Босилковска

Се информираат студентите дека заверувањето на семестар и пријавувањето на испити за јунска испитна сесија ќе се одвива на 21, 22 и 23 мај.

Распоред на испити за ЈУНСКА испитна сесија 2018 за студентите од ПРВ циклус на студии.

Се известуваат студентите од педагошка доквалификација дека од 2ри до 7ми мај ќе може да поднесуваат пријави за полагање на испитите.

На 3 мај 2018 година во 12:00 часот на Педагошкиот факултет во Битола ќе се одржи интерактивна работилница „Ние сме визуелни!“ од страна на Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола.
Едукаторите на ФОРУМ 16 се обучени од страна на Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ да го користат аудио-визуелниот медиум (краткиот документарен филм) како помошно образовно средство во стекнувањето, канализирањето и пренесувањето на релевантни информации, знаења, ставови и вредности кои ќе водат кон искуствено осознавање на комплексниот систем на човековите права.
За време на работилницата ќе се погледе филм кој ќе ги адресира темите: детски права, право на образование, социјализација, етичко однесување и друго. За избраниот филм се предвидуваат интерактивни активности кои ќе го катализираат овој процес на искуствено доживување и спознавање. Гледањето на креативниот документаррн филм создава емотивно-спознајна врска со прикажаната реалност, поттикнува на промислување и дискусија, на коментар и спротивставување на мислења.
Исто така, за време на работилницата ФОРУМ 16 ќе сподели информации за формирањето на првата кино келија во Македонија, наречена КиноБит, како дел од светското Кино движење кое значи продукција на кратки филмови во кратко време (24 до 72 часа).

Распоред за испити за студентите од Доквалификација во Јунскиот испитен рок 2018 год.

  1. Испитот по предметот Психологија ќе се реализира на 9.05.2018 (среда) во 13 часот
  2. Испитот по предметот Педагогија ќе се реализира на 14.05.2018 (понеделник) во 10 часот
  3. Испитот по предметот Методика (оние кои ќе положат Психологија и Педагогија) ќе се реализира на 1.06.2018 (петок) во 10 часот
  4. Изборните предмети ќе се полагаат на 4.06.2018 (понеделник) година во 10 часот (или во термин кој заеднички ќе биде договорен помеѓу професорот и студентите)

viber image1проф. д-р Љупчо Кеверески учествуваше на Меѓународната конференција во организација на ОУ Јанко Глазер, Руше и Педагошки факултет- Марибор, Р. Словенија на тема: ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ (НЕ) РЕШЛИВ ПРОБЛЕМ- СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ со свој труд под наслов ИМПЛИКАЦИИ И РЕПЕРКУСИИ НА ОДЛИВОТ НА МОЗОЦИ ВО Р. МАКЕДОНИЈА.

viber image

проф. д-р Љупчо Кеверески учествуваше на Меѓународната конференција која се одржа ден 4. 04. 2018 година во организација на Педагошки факултет од Врање- Универзитет во Ниш на тема: МЕСТО И УЛОГА УЧИТЕЉА У САВРЕМЕНОМ ДРУШТВУ, со својот труд: СОЦИО-ЕМОЦИОНАЛНИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ ИМПЕРАТИВ ВО СОВРЕМЕНОТО ОБРЗОВАНИЕ.

Проф. д-р Мирослав Кука од Високата школа за струковни воспитувачи во Алексинац, гостуваше на Педагошкиот факултет од 11 до 13 април. Проф. д-р Мирослав Кука одржа пригодно предавање за студентите од насоката Англиски јазик и книжевност.

30232419 10213484256374101 542224003 o

Се информираат студентите дека е објавен Конкурсот за Фулбрајт студентска стипендијата за академската  2019-20 година. Оваа стипендија ги покрива сите трошоци (виза, патување, сместување, студирање и слично) и може да аплицираат сите студенти кои ќе дипломираат до крајот на оваа календарска година, студентите кои се запишани на магистерски или докторски студии во Македонија или во било која друга држава и сакаат да направат истражување за нивните магистерски или докторски тези.

Повеќе информации тука.

Објавен е РАСПОРЕД на часовите ѕа летниот семестар од академската 20107-18 година.