Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

ОГЛАСНА ТАБЛА

 

eticki kodeks

 

 

research gate

 

javni nabavki

ЕТИЧКИ КОДЕКС НА ПЕДАГОШКИОТ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

Општи одредби

Образованието отсекогаш претставувало основна движечка сила во креирањето на етички парадигми и стандарди за перципирање, евалуирање и дејствување. Во пресрет на предизвиците од новиот милениум, заедно со издигнувањето на свеста за заедничките човечки вредности и за припаѓањето кон глобалниот културен простор, уште еднаш експлицитно се потврдува значењето на образованието за развојот и одржувањето на стабилни, мирни и демократски општества.
Една од најважните задачи на педагошката етика претставува морално-педагошката подготовка на идниот учител. За педагошката дејност применливи се речиси сите основни морални норми, како и одделните норми кои го одразуваат специфичниот карактер на педагошките односи.
Најзначајни педагошки морални норми се педагошката праведност и педагошкиот авторитет. Праведноста, воопшто, се карактеризира со соодветност на односите и почитување на достоинството на субјектите во меѓусебната комуникација и интеракција во сферата на образованието, од една страна, и нивното општествено признание, правата и обврските што тие ги имаат, од друга страна. Воспитаноста, добрината, принципиелноста и човечноста на учителот се пројавуваат во неговите конкретни постапки спрема учениците. Односот на учениците спрема учењето најчесто зависи од педагошката праведност на учителот. Затоа, педагошкиот авторитет на учителот претставува своевидна дисциплина со чија помош тој го регулира поведението на учениците и влијае врз нивните убедувања.

Основни етички вредности и принципи

Вработените на Педагошкиот факултет во Битола при вршење на работните задачи се раководат од следниве етички вредности и принципи:

  • Непристрасност, објективност и подготвеност да им се помогне на студентите во процесот на стекнувањето на знаења, компетенции, ставови и вредности.
  • Демонстрирање на свест и почит за искуството, способностите, јазикот и културата на секој студент поединечно.
  • Навремено и ефикасно изведување на наставата и посветеност на науката.
  • Промовирање на високи морални вредности и педагогија на еднаквоста.
  • Донесување на демократски и транспарентни одлуки во врска со наставата и напредокот во учењето на студентите.
  • Создавање на клима за учење што го развива потенцијалот на секој студент.
  • Идентификување на сопствените потреби и интереси за целоживотно образование и професионален развој.
  • Следење на новите научни достигнувања и саморефлексија на сопствената работа.
  • Почитување на автономијата на универзитетот и академската слобода на говор и мислење.
  • Отвореност за соработка со пошироката општествена заедница.