Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

На 11.12.2018 година во амфитеатарот на Педагошкиот факултет - Битола се одржа настан насловен како „Средба со поетот“. Настанот беше организиран во чест на почитуваниот поет, литературен критичар, есеист – Радован П. Цветковски.  Покрај излагањето на поетот, настанот беше обогатен со мал поетски перформанс изведен од страна на студентите со музичка поддршка од ученици од Државното музичко училиште во Битола. Со свои излагања посветени на поетот и неговите достигнувања присутните ги поздравија и деканката на Педагошкиот факултет- Битола, проф.д-р Валентина Гулевска, како и проф. д-р Златко Жоглев.  

Radovan P Cvetkovski sredba so poetot
20181211 120858 20181211 121706

На ден 20.11. 2018 во организација на Педагошкиот факултет-Битола се одржа стручна дебата на тема: ПРЕВЕНЦИЈА НА ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ВО ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ - ЗАЕДНО ЗА СРЕЌНО ДЕТСТВО

 На стручната трибина зедоа учество стручни соработници, професори, наставници и студенти кои со свои видувања и стручни опсервации дадоа свој прилог во афирмација и превенција на овој мултидимензионално условен и детерминиран феномен кој што има потенцијално негативни рефлексии врз учениците.

Доминантни беа констатциите дека проблемот со врсничкот насилство треба да биде високо на приоритетите на општетсвена и институционална грижа на релевантните институции и субјекти. Учесниците беа едногласни во констатцијата дека е неопходна рана детекција на иницијалните облици на асоцијално поведение кај учениците. На крајот треба да се истакне дека ефикасната превенција на врсничкото насилство треба да биде резултат на интензивна интерперсонална комуникација на сите субјекти кои се надлежни за превенција на овој проблем.

Педагошкиот факултет ќе продолжи со афирмација и стручно третирање на голем број педагошко-психолошки и други проблеми кои се актуелни во нашата професионална и животна практика.

IMG bc284ce1afe27114d6f9322a7fdd8c5c V IMG bf594b40eac0e027fb6527472e5249c6 V

На 3 декември, интернационационалниот ден на лицата со посебни потреби во амфитеатарот на Педагошкиот факултет се одржа пригоден настан „Под ова небо исти сме“. Настанот беше организиран од проф. д-р Марија Ристевска и проф. д-р Билјана Граматковски, т.е. Педагошкиот факултет и Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола. Централното место на настанот им припадна на двајца родители на деца со интелектуална попреченост, Слободан Велески и Оливера Петровска кои исцрпно одговараа на прашањата на присутните од аудиториумот. Велат крајот го краси делото, па настанот во амфитеатаорот беше заокружен со музичка точка на штитениците на центарот „Порака“, Елена Петровска и Александар Димитровски. Подоцна во читалната беше поставена изложба на ракотворби на штитениците, каде можеа да се видат извонредни дела, додека во 13 часот истиот ден се организираше крводарителска акција.

dr marija ristevska dr biljana gramatkovski
site

На ден 28/11/2018 година, во просториите на амфитеатарот на Педагошкиот Факултет во Битола, беше одржано предавање од страна на проф. Дејан Ацовиќ (Србија), класичен филолог и преведувач од старогрчки, од латински, од француски, од англиски и од модерен грчки. На предавањето на тема „Преведувачот и текстот“, професорот Ацовиќ зборуваше за своите преведувачки искуства и околу тоа кои чекори треба да се преземат за еден познавач на два јазици да се впушти во преведувачките води. Целта на ова предавање беше да се упатат оние кои не се формално обучени преведувачи како правилно да пристапат кон оваа дејност и кои цели треба да ги исполнат за успешно и коректно да изработат еден превод. На предавањето, коешто беше изложено на англиски јазик, присуствуваа студенти од насоките 'Англиски јазик и книжевност' и 'Преведувачи' од сите четири студиски години.

Дејан амфитеатар 47035694 406871736518035 4155180601734856704 n
47160344 10211246055261472 1578825446819102720 n 20181128 112809

Известувач: Марко Стојановски, студент на насоката АЈК.

Студентите од Доквалификација во Декември ке полагаат:
1. на 10 декември 2018 (понеделник) во 10 часот ке полагаат ПСИХОЛОГИЈА
2. на 17 декември 2018 (понеделник) во 10 часот ке полагаат ПЕДАГОГИЈА
RizVN Login