Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола
 Педагошки факултет - Битола
  

На 05.03.2021, во просторите на Педагошкиот факултет - Битола, на покана на студентите, снимено беше интервју со писателот Радован П. Цветковски по повод чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Ова интервју е прво од серијата интервјуа во организација на студентите од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола со познати јавни личности кои имале професионален или приватен контакт со академик Блаже Конески. Преку овие интервјуа, студентите сакаат поблиску да го запознаат делото и ликот на Блаже Конески, но и да придонесат кон нивно афирмирање во јавноста. 

 

Писателот Радован П. Цветковски во разговорот со студентите ја потенцираше важноста на Блаже Конески или „најголемиот меѓу најголемите“ како што тој го нарече, во рамките на лингвистиката со своите капитални дела за правописот на македонскиот јазик, граматиката на македонскиот јазик, историјата на македонскиот јазик и тритомниот Речник на македонскиот јазик, но и во книжевноста со своите  поетски книги и збирки раскази. За поезијата на Конески, Радован П. Цветковски рече  дека таа треба да се чита со разбирање и размислување и тоа во контекст на нашата земја.

Потоа, писателот Цветковски се осврна и на неговите кратки, но значајни средби со Блаже Конески, особено во периодот кога бил негов студент на Филолошкиот факултет во Скопје. Се присети за испитот Историја на македонскиот јазик што го полагал кај професорот Конески, но и дека на крајот на испитот му спомнал на професорот за својата намера да објави збирки анегдоти собирани од демихисарскиот крај како и Речник на демихисарскиот говор. Конески се разбира покажал интерес и желба прв да ги прочита книгите на својот студент, но за жал поради својата прерана смрт не успеал да ги види.

Цветковски исто така спомна дека по објавувањето на неговата поетска збирка „Моето поднебје“ во 1971 година, тој му подарил еден примерок од книгата на Конески за што за возврат добил едно многу топло писмо кое денес се чува во Универзитетската библиотека во Битола.

rpc  DSC 0687 

Image result for webmail icon

 

постер за укло тривиум

 

Iknow icon

 

logo kodeks 

 

120736517 345827970003174 4170912189597739481 n
 

akademski kalendar