Се информираат сите студенти од Педагошкиот факултет, без оглед во која студиска година се, или на која студиска група и припаѓаат дека од месец Февруари започнуваат активностите во рамките на Проектот организиран во соработка со ЛОЈА од Тетово. Сите заинтересирани студенти можат да се обратат на било кој начин до проф. Татјана Атанасоска и проф. Јасминка Кочоска. Ќе биде организирана заедничка средба на која ќе бидат појаснети динамиката, содржината и самите активности на овој проект. Проектот опфаќа повремени средби со професорките, како и присуство на повеќедневни интерактивни обуки организирани од страна на ЛОЈА на кои учество имаат студенти од сите Педагошки факултети, како и еднонеделен студиски престој надвор од Р. Македонија. Трошоците за сите активности се во целост покриени.