Денес, на 8-ми март, светот го празнува Меѓународниот ден на жената, ден чии корени влечат потекло уште од 1908 година, кога 15.000 жени марширале низ градот Њујорк, барајќи пократко работно време, подобра плата и право на глас. Секоја наредна година на овој ден биле организирани протести и мировни собири, но било потребно повеќе од половина век за датумот конечно да биде признат - со одлука на Обединетите нации во 1975 година, 8-ми март бил официјално прогласен за Меѓународен ден на жената.
Но со самото прогласување на овој ден, борбата на жената не замрела, а и сѐ уште не е замрена. Проблемите со кои жените се соочуваат секој ден, како дискриманција, предрасуди, помала плата, семејно насилство, не исчезнале волшебно преку ноќ. Иако во многу земји жените ги уживаат истите права како и мажите, многу често тоа е само на хартија, а практиката кажува нешто друго. Жената сѐ уште го бара своето место во светот, сѐ уште го гради својот идентитет како независна индивидуа која може да постигне сѐ што замислила во било кое поле од општествениот развој.
Дел од таа потрага кон идентитет е прашањето „Што значи да се биде жена“, кое во овој модерен 21-ви век е актуелно како никогаш досега. Во духот на Меѓународниот ден на жената, а воедно и во духот на непрекинатата борба за потполна еднаквост, Факултетско Студентско Собрание на Педагошки факултет- Битола покажа иницијатива да го побара одговорот на ова вековно прашање, а во пресрет излегоа професорките на Педагошки факултет, кои најдобро знаат што значи да се биде жена во 21-ви век. Во нивно име, а и во име на сите нас, честит Меѓународен ден на жената!
> >
Објавено е РЕШЕНИЕ за прием на студенти на Педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) во академската 2020-2021 година.
Првиот академски час ќе се одржи на 2ри март (вторник) во 11 часот, со физичко присуство во просториите на Педагошки факултет - Битола со почитување на сите мерки за безбедност.
Се известуваат студентите дека заверка на зимски семестар и запишување на летен семестар ќе се изведува од 22 до 26 февруари. Доколку плаќате преку iKnow системот внимавајте пресметката да е иста со онаа од студентски прашања. Пополнете ги анкетите за да може да запишете летен семестар на iKnow.
Потребни уплатници за упис на летниот семестар:
1. Школарина за летен семестар (секој студент плаќа според пресметката на кредити)
2. Реализација на активности на УСС
3. Реализација на активности на ФСС-ПФБТ
4. Обрасци (50 денари плаќаат редовните студенти, а 25 денари вонредните студенти)
Студентите од сите насоки ќе може да добијат потпис на Пријавата за ЕКТС кредити од проф. Билјана Граматковски и проф. Јасминка Кочоска, секој ден од 9 до 10 часот во кабинетот.